Надгробна плоча за човекови права осамна во Жена парк
Надгробна плоча на која е напишано „Човекови права“, денеска осамна во Жена парк спроти Собранието.
Станува збор за герила акција на активистите кои велат дека Македонија е земја во која гласаат умрените, каде се аболираат најголемите криминалци, а се апсат борци за човекови права. Според нив, Македонија е земја каде демократијата секојдневно се убива и очекувано е токму кај Собранието да се појави и надгробната плоча на човековите права.
Повеќе светски релевантни организации бележат пад на човековите права во Македонија во последниве години.
Слично
