Економија, финансии, бизнис

Контакт

Надал за враќањето на Новак во Австралија: Тоа е добро!

Надал за враќањето на Новак во Австралија: Тоа е добро!

Шпанскиот тениски ас Рафаел Надал изјави дека доаѓањето на Новак Ѓоковиќ во Австралија е добро за тенисот и навивачите.

Вчера, Новак Ѓоковиќ пристигна во Аделаида во пресрет на првиот турнир годинава, кој ќе послужи како подготовка за неговиот настап на Австралија опен. Ова е прва посета на Србинот во Австралија откако беше депортиран на почетокот на годината, бидејќи не беше вакциниран против коронавирусот, а од Рафаел Надал беше побарано да даде коментар за враќањето на неговиот голем ривал.

- Новак е тука, тоа е добро за тенисот, веројатно добро и за навивачите - изјави Надал пред почетокот на Купот на Јунајтед во Сиднеј.

Шпанскиот тенисер во овој момент го држи рекордот со 22 освоени Грен слем турнири, а Ѓоковиќ би се израмнил со Надал доколку ја освои 10-та титула на Австралија опен, а престижното натпреварување во Мелбурн започнува на 16 јануари.

- Мислам дека ова нема да ми биде последен пат. Среќен сум што го правам тоа што го работам. Би сакал да продолжам. Но, на 36 години никогаш не се знае кога ќе биде последен пат - истакна двојниот победник на Австралија опен, Рафаел Надал, кој за разлика од Ѓоковиќ ќе ја започне годината со Купот на Јунајтед, турнир кој го заменува поранешен Хопман куп.


Фото: Youtube - screenshoot
Слично

Поврзани вести