Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над српските воени објекти летале косовски дронови, Вучевиќ вели дека Србија не сака војна

Над српските воени објекти летале косовски дронови, Вучевиќ вели дека Србија не сака војна

Косовски дронови над Србија нелегално набљудувале воени објекти. 

Mинистерот за одбрана, Милош Вучевиќ кажа дека леталата доаѓале од два правци од Косово по линијата на копнената безбедносна зона, со повремени влегувања на територијата на централна Србија. Тој додаде дека српската армија има информации дека беспилотни летала се забележани не само во округот Рашка, туку и во окрузите Топлич и Нишава.

Српскиот претседател Александар Вучиќ издал наредба за подигнување на борбената готовност. 

Вучиќ за РТС изјави дека Вучиќ во врска со појавата на беспилотните летала издал наредба секој таков објект да се елиминира или да се стави под нивна контрола.

„Не можам да кажам дека безбедносни ризици не постојат, пред сè, поради неодговорното однесување на администрацијата во Приштина, но Србија не сака никакви војни“, рече Вучевиќ.

Тој кажа дека армијата и со топови може да го елиминира тој проблем.  Премиерката Ана Брнабиќ изјави за РТС дека сите беспилотни летала што се регистрирани во близина на воени објекти ќе бидат соборени, што би го направила секоја друга земја.

Слично

Поврзани вести