Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над половина милион Македонци ја напуштиле државата до 2013 година?

Над половина милион Македонци ја напуштиле државата до 2013 година?

Според податоците од Светска банка, до 2013 година од Македонија се иселиле неверојатни 626.312 граѓани, соопшти СДСМ.

Партијата бара одговор, ако до 2013 заминале 626.312 илјади, колку иселени од Македонија има после две години, до крајот од оваа 2015 година?, прашува СДСМ во денешното соопштение.

Најголем дел од младите, ако имаат можност, би ја напуштиле државава.Најмногу поради невработеноста. Сите статистики говорат дека од земјава се иселуваат главно образувани луѓе, велат од партијата.

Од СДСМ обвинија дека секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка, а вработените во овие фирми се со месеци без плата, што, како што велат од партијата, е дело на Груевски и соработниците кои работат по лектири на Ал Капоне.

Слично

Поврзани вести