Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над пет полицајци повредени и еден демонстрант приведен

Над пет полицајци повредени и еден демонстрант приведен

Повеќе од пет полицaјци се повредени, а еден демонстрант е приведен, на протестите  што синоќа се одржаа во Скопје, против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција.

Демонстрантите  се судрија со полицијата кај полициската станица „Беко“. Тие тргнаа кон зградата на владејачката партија, но беа спречени од полицискиот кордон, а дел од нив фрлаа со јајца и камења. Демонстарнтите ги потворија барањата за отповикување на одлуката на Иванов за аболиција на политичарите, поднесување негова оставка, одлагање на изборите, и формирање техничка влада која ќе спроведе реформи и подготовка на земјата за фер  избори. Од вкупно 13 приведени од завчерашниот протест, двајца заработија кривични пријави, а останатите 11 се пуштени со прекршочна пријава. Нови протести се најавени за денеска, поддржани и од опозициските партии, поради најавената одлука на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, да ги распише предвремените парламентарни избори на 5 јуни.

Слично

Поврзани вести