Над милион луѓе во Грција се без работа, на удар се младите
Соседна Грција се соочува со висока стапката на невработеност која изнесува 24.1% или повеќе од милион луѓе.
Повеќе од половина од младите во државата се невработени. Податоците на Заводот за статистика покажуваат дека во март во земјата 24,1% од населението било без работа. Бројката е пониска во споредба со претходните години, што покажува благо намалување на невработеноста во споредба со лани. Во март 2015 година невработеноста била 25,7%, а во февруари годинава 24,2%.
Скоро половина од младите вработени луѓе, на возраст од 18 до 29 години, имаат плата помала од 500 евра. Плата повисока од 850 евра земаат 47 % од испитаниците на возраст од 30 до 35 години и 21% од испитаниците до 29 години.
Само 8% од испитаниците изјавиле дека би сакале да работат како државни службеници, а 73% се одлучиле за приватниот сектор. Ова се резултатите од истражувањето на економскиот весник „Имерисија“ направено во соработка со атинскиот Факултет за економија.
