Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над Књажевац ранет монструмот кој киднапираше девојче?

Над Књажевац ранет монструмот кој киднапираше девојче?

На ридовите зад српскиот град Књажевац дошло до престрелка помеѓу полицијата и Нинослав Јовановиќ наречен Малчански бербер. Ваква информација се појави во дел од српските медиуми. 

Веста ја објавиле и Књажевачки вести, додавајќи дека се слушнале четири пукотници, како и дека се претпоставува дека снајперист го погодил бегалецот. 

Моника Каримановиќ, девојче кое има 12 години исчезна на 20 декември. 

Во потрага за Јовановиќ, познат како „Малчански бербер“, ова утро се вклучени уште 100 припадници на полицијата.

Во Србија имаше реакции зошто овој човек е на слобода. 

Овој случај ја вознемири цела Србија, а на нозе е и државниот врв. 

Една од неговите поранешни жртви за српските медиуми раскажа каков хорор доживеала, откако пред години монструмот ја силувал со часови. 

фото Српско МВР

Слично

Поврзани вести