Над 80% од граѓаните не веруваат дека Собранието ја контролира Владата
Дури 82,4% од македонските граѓани сметаат дека Собранието недоволно ја контролира Владата и со тоа не врши една од своите уставни обврски, покажа анкетата спроведена од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ во првиот месец од работата на новиот парламентарен состав.
Овие граѓани се изјасниле дека е потребна поголема контрола на Собранието врз извршната власт, 90% бараат унапредување на квалитетот на законите, додека 76,5% сметаат дека мнозинството во Собранието треба да има повеќе слух за ставовите на опозицијата.
Речиси половина од анкетираните рекле дека се незадоволни од достапноста на пратениците избрани во нивните изборни единици и сметаат дека народните избраници недоволно ги информираат за нивната работа.
Истражувањето е спроведено по пат на теренска анкета лице в лице на 1.000 испитаници, во периодот од 15 мај до 15 јуни 2014 година, во рамките на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“.
Слично
