Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 80 невладини бараат да учестуваат во преговорите

Над 80 невладини бараат да учестуваат во преговорите

Над 80 невладини организации бараат директно да учествуваат во преговорите за излез од политичката криза во Македонија.

Тие велат дека граѓанското општество е збир на индивидуи, групи, организации, заедници и движења со јасно артикулирани политички ставови. Додаваат дека не се монолитни, дејствуваат за подобрување и демократизација на општеството и за застапување на интересите на граѓаните.

„Поаѓајќи од уставно загарантираната можност за непосредно изјаснување на граѓаните и од уставната слобода за здружување заради остварување и заштита на политички, економски, социјални, културниидруги права и уверувања, убедени сме дека сега е вистинскиот момент што е можно повеќе граѓани да ги исползуваат овие демократски можности, соцел да се вклучат во решавањето на политичката криза и сотоа, да им помогнат на општеството и на државата“ - изјави Симона Спировска од „Ајде“ на прес-конференција пред Делегацијата на ЕУ.

Граѓанските организации објаснуваат дека нивната вклученост не треба да подразбира дека ќе имаат претставнички мандат, ниту дека ќе имаат улога, надлежност и мандат да одлучуваат во рамки на преговорите.

Протестите нема да бидат ставени во мирување, но притисокот ќе биде реализиран преку разни протестни активности.

Слично

Поврзани вести