Над 65.000 евра секојдневно Македонците плаќаат за „Златен даб“, „Газоза“, „Крали Марко“, „Миринда“…
„Прилепска пиварница“ ,најголемата пиварница во која доминантни акционери се домашни лица, лани ја зголемила продажбата за 83 милиони денари до износ од 1,47 милијарди денари. Паралелно со пазарната експанзија пораснале оперативните трошоци за 119 милиони денари,а добивка во однос на 2013 година лани се намалила за 500.000 евра до износ од 1,25 милиони евра
Најголемата домашна пиварница „Прилепска пиварница“ лани успеала да продаде пива, сокови и напитоци во износ од 1,47 милијарди денари (23,86 милиони евра) со што за 6 отсто успеала да го зголеми своето пазарно учество, покажуваат податоците од неревидираниот биланс на успех на таа компанија објавени на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност.
Лани оваа компанија остварила нето добивка во износ од 76,8 милиони денари што претставува пад на добивката во споредба со 2013 година од 30 милиони денари. Секоја акција на „Прилепска пиварница“ носи добивка од 1.954 денари.
И покрај солидниот раст на приходите од продажба и растот на домашното пазарно учество од 6 отсто до ниво од 1,46 милијарди денари сепак компанијата бележи помала добивка од 2013 година заради тоа што значајно пораснале нејзините оперативни приходи лани во споредба со 2013 година. Имено лани тие изнесуваат 1,457 милијарди денари и се 9 отсто односно 119 милиони денари повисоки од трошоците во 2013 година. Најголем раст има во најзначајната ставка – трошоци за суровини и други материјали од билансот на успех. Таа ставка лани однела 695,6 милиони денари и пораснала за 80 милиони денари односно 13 отсто повеќе од износот за 2013 година. Од билансите може да се види значаен раст на трошокот во ставката „останати трошоци“ кој лани бил 515 милиони денари и е за 120 милиони денари односно 30 отсто повисок од трошокот за таа намена во 2013 година.
Од билансите е видливо и многу е значајно да се истакне и тоа дека оваа македонска компанија нема никакви кредитни задолжувања – ниту долгорочни ниту краткорочни и дека има акумулирана добивка во износ од 19,25 милиони евра заклучно со добивката за лани. Воедно важно за оваа компанија е и тоа што во 2012 и во 2013 година не делела дивиденда на нејзините акционери иако остварувала слодини финансиски резултати. Од билансот на успех е евидентен позитивен сооднос меѓу финансиските приходи и финансиските расходи на компанијата. Првите лани изнесуваат 28,7 милиони денари и се повисоки за 26,2 милиони денари од финансиските расходи.
Најголеми акционери во „Прилепска пиварница“ се тројца членови на прилепското семејство Самарџиоски: Кирил со 63,62 отсто од акциите со право на глас и неговите деца Панде Самариоска и Сашо Самарџиоски со по 5,09 отсто од обичните акции. Друг покрупен акционер е „Хрватска поштенска банка“ со 6,49 отсто од акциите со право на глас. Уште 142 домашни физички лица поседуваат 7,83 отсто од акциите со право на глас, а 36 странски физички лица имаат во посед 4,71 отсто од обичните акции.
Слично
