Над 6 илјади имигранти чекаат да влезат од Грција во Македонија
Над 6 илјади луѓе чекаат да ја преминат грчко-македонската граница, а во реонот на пограничното село Идомени се формираат големи редици од луѓе, соопштува грчкиот весник „Етнос“.
Околу полноќ неколку мигранти се обиделе да ја преминат границата, но биле запрени од македонската полиција. Тензиите пораснале, откако на поголема група на луѓе не им било дозволено да влезат во Македонија.
Во обид да го забават влезот на мигрантите во последните денови македонските власти дозволуваат премин на мали групи од 60 лица на одредени интервали. Ова сепак води до купишта на луѓе на грчка територија.
Во текот на викендот во Идомени пристигнале над 11 илјади мигранти, со 200 автобуси. Во минатата недела фериботите во Грција не се движеа поради штрајк на морнарите и тоа го блокира трансферот на бегалци од источните острови кон копното на земјата.
Според информациите на телевизија „Скај“ само до 8.30 часот денес на пристаништето во Пиреја од островите пристигнале два брода со 3 илјади мигранти, а до крајот на денот се очекува да пристигнат уште бегалци.
