Над 53 илјади бегалци дошле од Грција во Македонија само во јануари 2016 година
Од почетокот на 2016 година од страна на Грција во Македонија пристигнале 53 434 мигранти, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Од нив 22 127 се мажи, 11 526 жени и 19 679 деца. Најмногу мигранти имало од Сирија - 26 490. Следуваат оние од Авганистан - 16 894 и од Ирак 10 047 лица.
Надлежните од почетокот на месец декември дозволуваат транзит низ земјата само на мигранти од Сирија, Ирак и Авганистан.
Во изминатата 2015-та година преку територијата на нашата земја поминале над 700 000 луѓе. Сите тие доаѓаа организирано до Гевгелија со автобуси или возови .
Слично
