Над 5.000 вработени се засегнати: Туристичките работници ќе протестираат
Повеќе од 700 учесници се пријавени на протестот со кој утре туристичките работници сакаат да побараат поддршка од Владата за нивната работа. Тврдат дека во изминативе неколку месеци едвај преживуваат и ако не им се помогне ќе мора да затвораат бизниси.
„Сведоци сте на нашата борба во изминатите пет месеци за опстојување на нашиот сектор, поради кризата со КОВИД-19, како и барањата кои во повеќе наврати ги упативме кон сите надлежни институции, Министерство за економија, Министерство за финансии, со цел помош на туристичките агенции, водичи, пратители и превозници, но досега останаа неми за нашите апели и ниту еднаш не добивме никаква надеж дека воопшто ќе бидат разгледани. Од таа причина, одлучивме масовно да ја изразиме големината на нашиот проблем, преку мирен протест, кој ќе се одржи во среда со почеток во 16 часот, информираат организаторите.
Во 300 агенции се вработени 5.000 вработени.
Протестот ќе почне симболично пред Дрво Декор, местото од каде најчесто тргнуваа туристичките тури, а ќе продолжи кон буеварот „Кочо Рацин“, улиците „11 Октомври“, „Димитрие Чуповски“ и „Васил Главинов“, булеварите „ВМРО“ и „Илинден“, до Владата.
