Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 50% од Австријците ја поддржуват изградбата на ограда долж границата

Над 50% од Австријците ја поддржуват изградбата на ограда долж границата

Големо мнозинство од австриските граѓани го поддржуваат поставувањето на ограда долж границата за да престане миграцискиот бран во земјата. Мнозинството најавува и за запирање на внесот на бегалци во Австрија.

Ова го покажуваат резултатите од последната анкета на Институтот за јавно мислење (ИМАС), кои беа обелоденети од австрискиот печат денес.

Повеќе од 50 отсто од Австријците го поддржуваат поставувањето на ограда долж границата со цел подобра контрола при влегувањето на бегалците во земјата. 85 отсто ја поддржуваат контролата на границите и воведувањето на квоти за распределбата на бегалците во земјите од Европската унија.

69% од Австријците не ја одобруваат сегашната политика на владејачките партии во Виена во однос на бегалците.

56 отсто од анкетираните сметаат дека ЕУ треба да се обиде да ги реши конфликтите во воените зони, вклучувајќи ако е потребно и воени средства.

62 отсто се изјасниле за запирање на превземањето на бегалци во Австрија. Само 3 отсто од Австријците се подготвени да ги прифатат бегалците во нивните домови за три месеци.

70% од учесниците во анкетата сметаат дека бегалците мора да добијат само привремен статус бегалец.

Слично

Поврзани вести