Над 490 илјади гласачи се спорни и ќе се проверуваат дополнително
495.258 илјада гласачи е бројката на спорни гласачи кои ќе треба дополнително да се проверуваат , објави Телма повикувајќи се на увидот во Извештајот од вкрстената проверка на базите на податоци на МВР и 10 други институци до кои дошол овој медиум.
Како што пишува понатаму Телма, над 190 илјади се евидентирани како фиктивни гласачи односно како што пишува во извештајот-гласачи кои ги има во базата на податоци во МВР но не се појавуваат во базите на останатите инстиутции.
Оваа одлука ДИК ја донесе по првичното разгледување на извештајот, од спроведувањето на вкрстените проверки на базите на податоци од повеќе институции. Прецизно не е наведено зошто е потребно да се прават дополнителни проверки, ниту колкав е бројот на спорните гласачи според извештајот од вкрстената анализа која е спроведена.
По реализирањето на овие контролни тестови, ДИК ќе закаже нова седница за усвојување на извештајот од вкрстените проверки.
Вкрстената анализа почна кон крајот на февруари и беше најавено дека ќе заврши за 7 до 10 дена. Поминаа повеќе од две седмици, но сè уште нема резултати колкав е бројот на спорни гласачи во избирачкиот список.
