Над 400 вработени од Топлификација преминаа во Балкан Енерџи
Новата компанија што ќе се занимава со бизнисот со парно греење, Балкан Енерџи Груп превзема околу 400 досегашни вработени во Топлифкација.
„Согласно договорот за преземање на вработените, новиот носител на лиценца се обврза да ги преземе сите вработени од фирмите кои досега беа носители на лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, пишува во соопштението на Топлификација до Македонската Берза.
Топлификација и Балкан Енерџи Груп потпишаа договор за закуп на Топланите на Топлификација. Согласно договорот за закуп, Балкан Енерџи Груп има обврска да инвестира во основните средства износ во висина на годишната амортизација на основните средства со цел вредноста на истите да не се намалува и дополнително ќе и плаќа на Топлификација закупнина во висина од околу 1 милион евра на годишно ниво.
Слично
