Над 400 напуштени индустриски објекти ќе се активираат со „браунфилд“ инвестиции
Oколу 400 индустриски локации низ Македонија, преку процес на рекомпонирање, реструктуирање, реновирање и воведување на нови процеси за работа, за производство или извршување на друг вид на дејност по принципот „браунфилд“, ќе придонесат за побрз развој на општините, најави министерот за економија Ваљон Срачини, при денешната посета на Гостивар.
Сарачини го посети објектот на АДГ Маврово во стечај, како една од четирите локациите во општината, наменети за привлекување на т.н. „браунфилд“ инвестиции, кои што се во сопственост на разни субјекти од државата. За оваа локација, нагласи, веќе имало заинтересирани и конкурирале.
- Броаунфилд инвестициите се нов модел кон кој Владата работи за привлекување на инвестиции. Станува збор за индустриско земјиште, кое е сега слободно, не се користи, но има потенцијал да биде повторно развиено за нови потреби, изјави Сарачини и додаде дека во иднина на овој начин на деловните субјекти кои би сакале да отпочнат или прошират дел од бизнисот, им се отвара уште една можност која што Владата ја нуди.
