Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 40.000 пензионери бесплатно се возеле со воз

Над 40.000 пензионери бесплатно се возеле со воз
Повеќе од 40.000 пензионери бесплатно се возеле со воз секој втор викенд во месецот, соопшти заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. Тој денеска заедно со членови на Сојузот на пензионери на Македонија отпатува со нов воз од Скопје до Велес. Овој проект Владата го реализира од јуни 2014 година и се покажат дека пензионерите масовно ја користат оваа бесплатна услуга која им се нуди. „Проектот за бесплатен превоз во железничкиот сообраќај го олеснува движењето на пензионерите, го подобрува нивниот стандард и им заштедува средства“ - изјави Спасов. Претседателот на Сојузот на пензионерите на Македонија, Драги Аргировски додаде  дека бесплатниот железнички превоз  придонесува за социјализација на пензионерите.
Слично

Поврзани вести