Над 4.000 бегалци чекаат да влезат од Грција во Македонија
Утринава имашe над 4.000 бегалци во грчкото село Идомени, недалеку од македонската граница. Тие чекаат дозвола да преминат на македонска територија.
Бегалците се наоѓаат во преполниот привремен логор во Идомени. Мнозинството од нив се од Авганистан.
Вчера грчката полиција евакуираше 300-400 луѓе, кои ги блокираа патиштата и железничката линија помеѓу двете земји.
Само во вчерашниот ден од Идомени назад во насока на Атина беа транспортирани 1260 бегалци од Авганистан.
Потсетуваме дека властите кај нас не дозволуваат на наша територија граѓани од Авганистан.
Граничните службеници, заедно со своите колеги од Словенија, Хрватска, Србија и Австрија од 22-ри февруари вршат строга контрола на секој кој доаѓа од Грција.
Од почетокот на годината од Грција во Македонија пристигнале околу 90 000 мигранти. Сите тие доаѓаат организирано од грчките власти со автобуси до Гевгелија.
