Над 3600 илегални имигранти влегле во Македонија само за три дена
Над 3600 илегални имигранти влегле во Македонија во изминатите три дена.
Стотици имигранти пристигнуваат постојано на железничката станица во Гевгелија, за да се качат на возот за Србија. Според податоците од МВР во последните денови 3696 имигранти се регистрирани како потенцијални бегалци во Македонија. Од нив, само шестмина побарале азил.
Најбројни се бегалците од Сирија - 3529, 70 биле од Ирак, 41 од Палестина и останатите од други земји.
Кога ќе влезат во Македонија имигрантите се регистрираат како потенцијални бегалци, на тој начин добиваат документ со кој можат слободно да патуваат во земјата до 72 часа, по што или мора да побараат азил, или да ја напуштат Македонија.
Слично
