Над 33 илјади граѓани побарале отпис на долговите!
Вкупно 33.200 граѓани до сега побарале отпис на долговите преку владиниот проект за лица од социјално ранлици категории, објави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за емисијата „Бизнис 365“ на МТВ.
Крајниот рок за пријавување истекува на 13 октомври.
„Во сите градови има голем интерес, најмногу во Скопје и во другите градови, Прилеп, Тетово, Битола, Штип, секаде низ цела Република Македонија имаме голем број на граѓани што се заинтересирани за проектот и веќе имаат поднесено барање и очекуваме и во следниот период да биде така“, вели Ставрески.
Тој очекува првите решенија за отпис на долговите да започнат да се делат веќе до крајот на месецов. Ќе се отпишуваат долгови што се направени заклучно со 31 декември 2013-та година, а се однесуваат на електричната енергија, долгови кон Македонската радио-телевизија за радиодифузна такса и долгови кон банките направени врз основа на негативни салда на тековни сметки и потрошувачки кредити и картички, како и долговите за парно греење, во градовите каде што има снабдување со парно.
Слично
