„Големи умови” масовно ја напуштаат државата
Во период од пет години, државата ја напуштиле над 300 научници, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
„Големите умови” барале нов живот во европските земји, како Германија, Швајцарија, Шведска, Италија, Холандија и Словенија.
Бројот на Македонци кои бараат нов живот надвор од земјава се повеќе расте.
Анализата на Организацијата за економска соработка и развој пак, покажува фрапантни бројки.
За само една година, државата ја напуштиле 20.562 граѓани што е рекордна бројка на иселени луѓе во последните 15 години.
До сега, од Македонија се исселиле над 600 илјади луѓе.
Ниските плати и невработеноста се главните причини зошто луѓето се решаваат да го напуштат домот и да бараат иднина на друго место.
Слично
