Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 27.000 луѓе во земјава земаат социјална помош

Над 27.000 луѓе во земјава земаат социјална помош

Во Македонија има 27.119  корисници на социјална парична помош, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Во поголемите градови има и поголем број на корисници на социјална помош. По градови најмногу корисници има во Скопје 5918, потоа следуваат Тетово со  3785, Куманово со 3756, Гостивар со 2330, Прилеп со 1634, Велес со 1180 и  Битола со 1013 приматели на социјално.

Висината на помошта е различна зависно од тоа дали се работи за едно лице, или семејство со деца, така што за домаќинство со пет и повеќе членови стопроцентниот износ е 6.689 денари.

Слично

Поврзани вести