Над 2.200 угостителски компании ќе добијат 5,77 милиони евра помош
2.204 угостителски компании ќе добијат 5,77 милиони евра од анти-ковид мерките. Oва е одлука од 77-та седница на Владата.
Тие беа затворени во периодот од 6-ти до 27-ми април, или вкупно 21 ден, за време на забраната за работа како мерка за спречување на ширењето на КОВИД-19. Компаниите од угостителската дејност со приоритетни шифри на дејност според Националната класификација на дејности, 56.10, 56.29, 56.30, имаа можност да се пријават на отворениот повик за финансиска поддршка, при што од вкупно 2.406 пристигнати апликации, 2.204 се целосни, додека 202 апликанти, не се со соодветна шифра на дејност, или имаа регистрирано подружници под една од споменатите шифри.
foto freepik
Слично
