Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 20 милиони евра државна помош за странски компании: најмногу пари за автомобилската индустрија и нови работни места

Над 20 милиони евра државна помош за странски компании: најмногу пари за автомобилската индустрија и нови работни места

Во 2025 година државата доделила значајна финансиска поддршка за странски инвеститори, при што вкупната државна помош достигнала 1.264.811.245 денари или околу 20,5 милиони евра, што претставува околу 0,12 отсто од БДП. 

Само за директна поддршка на странски компании се исплатени 995.028.073 денари или околу 16,18 милиони евра, а средствата се распределени меѓу повеќе компании од индустрискиот сектор, меѓу кои Гересхајмер, Магна, Кемет, Костал, Линамар и други.

Ова го покажува најновиот извештај на Државната комисија за заштита на конкуренцијата доставен пред народните избраници. 

- Вкупно доделената државна помош во 2025 година изнесува 1.264.811.245 денари (20.564.604 евра). Учеството на доделената државна помош во 2025 година во однос на БДП е 0,12 % - процентот не е финален бидејќи финалниот БДП за 2025 година би бил готов при крајот на 2026 година - се појаснува во документот.

Одделно, Владата во 2025 година доделила 537.718.631 денари или околу 8,74 милиони евра државна помош преку конкретни мерки и договори со компании, најчесто за поддршка на инвестиции, исплата на даноци и отворање нови работни места. Најголем дел од средствата се насочени кон автомобилската индустрија и производството.

Највисока поединечна поддршка добила Кромберт и Шуберт Македонија (проект 3) со 190.575.452 денари или околу 3,10 милиони евра, преку комбинација на даночни олеснувања, грантови и поддршка за вработување. 

Следува ДДМ Дрекселмајер со 156.510.594 денари односно околу 2,54 милиони евра, наменети за даноци, инвестиции и нови работни места.

Значителна поддршка добиле и Кабекс Каблес од Неготино со 98.815.909 денари или околу 1,61 милиони евра, потоа Маркарт Македонија со 46.451.077 денари однсоно околу 755 илјади евра и Брејнчајлд од Битола со 29.144.811 денари или околу 474 илјади евра за индустриско истражување.

Нешто помали износи се исплатени и на Теламон Европа со 7.576.443 денари однсоно околу 123 илјади евра и Кромберт и Шуберт (проект 2) со 8.644.345 денари или околу 140 илјади евра, претежно по основ на даночни олеснувања.

Што се оденсува пак до помошта која е доделен од Дирекцијата на Технолошко развојните индустриски зони, вкупната доделена помош достигнала до 995.028.073 денари или до 16.179.318 евра. 

Притоа доделената државна помош за 2025 година е за компаниите Гересхајмер Скопје ДООЕЛ Илинден (по основ на втор договор), Магна Мирорс Саут – Ист Јуроп ДООЕЛ Струга, Кондево Мк ДООЕЛ (по однос на втор договор), Кемет Електроникс Македонија ДООЕЛ Скопје (по основ на втор договор), Магна Мекатроникс Северна Македонија ДООЕЛ Штип, Костал Македонија ДООЕЛ Охрид (по основ на прв и втор договор), ОДВ Електрик ДООЕЛ с.Мислишево Струга (по основ на трет договор), Линамар Аутомотиве Скречерс Македонија ДООЕЛ Илинден, Ипротекс Технички Текстил ДООЕЛ Илинден, Вик Македонија ДООЕЛ с. Алпинци Прилеп, Киел Македонија ДООЕЛ Желино.

Дополнително, во вкупната сума е вклучена и т.н. „de minimis“ помош во износ од 153.750 денари или околу 2.500 евра доделена преку проектот „ИНОФЕИТ Европски дигитален иновациски хаб“.

Податоците покажуваат дека државната поддршка и натаму е насочена кон привлекување странски инвестиции и развој на извозно ориентираните индустрии, особено во сегментот на автомобилската индустрија, со цел поттикнување на економскиот раст и отворање нови работни места.

П.О.

Слично

Поврзани вести