Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 1,5 милијарда долари стокова размена со странство

Над 1,5 милијарда долари стокова размена со странство
Вкупната стокова размена на Македонија во првите два месеци од годинава изнесувала 1.594.204 илјади американски долари при што вредноста на извозот изнесува 612.530 илјади американски долари, а увозот 981.674 илјади американски долари. Покриеноста на увозот со извозот е 62,4 проценти, а трговскиот дефицит изнесувал 369.144 илјади американски долари, објави Државниот завод за статистика.

Во овој период Македонија најмногу извесувала катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникел, производите од железо и челик (валани производи), облека и преработки од нафта. Во делот на увозот најмногу влегле суровата нафта, платина и легури на платина, необработени или во прав, руди на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Статистиката покажува дека најголем извоз имаме со земјите од ЕУ каде се извезени 71,8 отсто од стоките и земјите од Западен Балкан каде се извезле 18,3 проценти. во првите два месеца од годината најмногу сме увезувале стоки од ЕУ 57,4 отсто од увезените стоки. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу или 48,5 отсто од вкупната размена сме ја направиле со Германија, Велика Британија, Србија, Бугарија и Грција.
Слично

Поврзани вести