Над 15.000 евра од донации собра „Шарената револуција“
„Шарената револуција“ вчера собра повеќе од 15.000 евра од донации за плаќање на казните на демонстрантите.
Во кафе барот „Излет“ беа собрани 1.405 евра, 40 долари и 878.360 денари, односно се вкупно над 955.000 денари.
„Им благодариме на сите граѓани кои се солидаризираа со сите оние кои добија и ќе добијат драконски казни само поради своето изразување на право на протест. Заедно сме посилни! Сите за еден, еден за сите! “- порачуваат од „Шарената револуција“.
Парите се собрани за само еден ден, при што донираа и политичари од опозицијата.
Слично
