Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 147.000 дивоградби во земјава се легализирани

Над 147.000 дивоградби во земјава се легализирани
За 10 години во Македонија се легализирани повеќе од 147.000 дивоградби. Ова го соопшти министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски на синоќешниот отчет организиран од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа значи дека сме ја постигнале целта, односно дека секој граѓанин слободно може да поднесе барање за легализација“-рече министерот. Тој се надева дека бројот на легализирани објекти ќе расте. Мисајловски додаде дека неодамна се направени законски измени со кои се овозоможува граѓаните кои имаат имотен лист, објектите да ги доградуваат од 10 м до 20 цм, без да чекаат измени на урбанистички план.
Слично

Поврзани вести