Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 120 илјади високо образовни кадри ја напуштиле Грција

Над 120 илјади високо образовни кадри ја напуштиле Грција

Повеќе од 120 илјади грчки високообразовани кадри емигрирале од 2010 година досега, пишува денеса грчкиот весник „Етнос“. Тие заминале во странство, додава весникот, бидејќи и покрај дипломите не можат да пронајдат работа според струката.

Бројот на младите високообразовани лица, кои емигрираат, претставува десет проценти од научната заедница на земјата, изјави професорот по економска географија при Универзитетот на Македонија Лоис Лабрианидис. Според него бегството на младите не се должи само на кризата, но сепак оваа тенденцијата е зголемена поради кризата.

- Главната причина за таа емиграција е неусогласеноста меѓу понудата и побарувачката. Нема компании, кои произведувата стоки и услуги, кои имат потреба од специјализираниот научен персонал, смета тој.

Речиси половина од високообразованите кадри, кои емигрираат, имаат дипломи од некои од 100-те најдобри универзитети во светот. Тие се упатуваат главно кон европските држави, каде работат во приватниот сектор, како и во големи компании.

Слично

Поврзани вести