Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 120.000 службеници се ангажирани во државните институции

Над 120.000 службеници се ангажирани во државните институции

Во 1.288 институции во земјава, работат 128.347 службеници.

Ова стои во објавениот прв годишен извештај за податоците од Регистарот на вработените во јавниот сектор.

Најмногу вработени има во јавните установи 64.168, каде најбројни се во образованието, 34.338, а зад нив се здравството, труд и социјална политика и култура. Податоците денеска ги соопшти  министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.

„Прв пат во Македонија, но и споредбено и во државите во регионот, на ваков систематизиран и прегледен начин се ставени на располагање податоци кои ги интересираат како граѓаните, така и научната и стручната јавност“ - рече Арсовска Томовска.

Со високо образование се 47.529 од службениците или  43,37 % од вкупниот број, а во јавниот сектор има вработени и 2.165 мажи.

Сите службеници можат да пријават злоупотреба, притисок или неправилност, во врска со претстојните избори, на телефонскиот број 02/3200 899, на мобилен телефон 072 228683 или на е-маил адресата izbori@mioa.gov.mk.

Слично

Поврзани вести