Над 11 милијарди евра се изнесени од Хрватска преку криминални активности?
Претставници на Европскиот парламент и „Адриатик институт“ со отворено писмо се обратија до хрватската Влада од која бараат објаснување за изнесувањето на 11,4 милијарди евра од Хрватска преку, како што пишуваат, криминалот, корупцијата и затајувањето на данок.
Тие во писмото се повикуваат на извештајот објавен од истражувачката организација од Вашингтон „Глобал фаненпел интегрити“ каде се наведува дека од 2001 до 2010 година од Хрватска се изнесени 11,4 милијарди евра.
„Во исто време, европските даночни обврзници испраќаа финансиска помош за Хрватска“ стои во писмото упатено до хрватскиот премиер Зоран Милановиќ и министерот за финансии Славко Линич.
Потписниците на писмото бараат од Милановиќ и Линиќ да одговорат на две прашања - дали хрватските власти од Лихтенштајн, Австрија, Швајцарија и Велика Британија, како и од други држави ги побарале имињата на поединците и сумите на пари на кои се однесува извештајот за нелегалните трансфери. Тие очекуваат и одговор во колку случаи на незаконско богатење е подигната кривична постапка од 1991 година, како и колку средства досега успешно се вратени.
Тие истакнуваат и дека очекуваат и одговор за сите успешни случаи на борба против криминалот.
