Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 100 илјади Срби потпишаа петиција против реалните шоуа

Над 100 илјади Срби потпишаа петиција против реалните шоуа

Повеќе од 100 илјади потписи се собрани во Србија на онлајн петицијата за укинување на реалните шоуа од домашните телевизии.

Тие се против реалните шоуа затоа што веруваат дека тие придонесуваат кон ширење на шундот и кичот и дека тоа лошо влијае врз младите генерации.

За нив реалните шоуа како „Големиот брат“, „Фарма“, „Парови“, „Малдиви" кои во моментов се актуелни во Србија го промовираат примитивизмот, вербалното и физичко насилство и баналноста.

„За некои научно-образовни програми е потребно да се доплати, додека тој облик на порнографија и штетен материјал е достапен до нас и нашите деца. Нашите деца почнуваат да се претвораат во тие духови, девојчињата уште од 12 години се облекуваат како старлети и ги земаат за идеали и идоли лицата што ги гледаат таму“, се вели во петицијата покрената на Фејсбук.

Тие бараат да се укинат реалните шоуа или барем да се забрани емитувањето на телевизиите кои имаат национална фреквенција.

Слично

Поврзани вести