Над 100.000 евра обука за нововработените во ЈП Македонски Шуми!
Дел од експертите сметаат дека Владата го направи вистинскиот потег, други пак, спорат дека кога среќата, наместо квалификациите се пресудни - критериумите се дискриминирачки.
Владата ќе одвои точно 117.040 евра за да го обучи 1.600-тините нововработени во ЈП Македонски шуми. Друштво за менаџмент консалтинг, образование и обука Мотива од Скопје ќе ги обучува овие граѓани кои Владата се обврза да ги вработи во јавното претпријатие Македонски шуми. Највисоката добиена понуда за обука на нововработените 1.600-тини била 340.000 евра.
Според информациите на Електронскиот систем за јавни набавки, во конкуренција на уште 3 други фирми, Генералниот секретаријат на Владата договорот вреден 7.198.000 денари го склучи со Мотива. Но, на електронското известување за овој склучен договор отсуствува информацијата за колкав период Владата ја ангажира Мотива да ја спроведе обуката и од кога сето тоа ќе почне.
Поделени ставови во јавноста за изборот на 1.600-тините социјално загрозени, идни административци?!
Јавноста се уште е со поделени ставови околу начинот и селекцијата на апликантите за 1.600-тините вработувања во ЈП Македонски шуми. Дел од експертите сметаат дека Владата го направи вистинскиот потег за да им излезе во пресрет на оние кои над 10 години се без работа, на луѓето од многудетни семејства, на самохраните родители и еднородителски семејства и на невработените од семејства каде што нема ниту еден вработен. Други пак, спорат дека кога среќата, наместо квалификациите се пресудни - критериумите се дискриминирачки.
Преку директен пренос на Македонската телевизија, кој тареше два и пол часа, на почетокот од овој месец, со компјутерско рангирање 1.600 апликанти добија вработување во државните институции и органи од вкупно пријавените над 20.000. Согласно огласот, Владата најави дека ќе вработи 1.6000 луѓе од социјално ранливите категории во ЈП Македонски шуми. Оттука, над 12 лица беа во конкуренција за едно работно место во државниот апарат.
овие луѓе подоцна најверојатно ќе бидат прераспределени во други државни институции.
Слично
