Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 10 милиони евра изнесува добивката на Алкалоид за минатата година

Над 10 милиони евра изнесува добивката на Алкалоид за минатата година

Алкалоид А.Д. Скопје за периодот Јануари-Декември 2014 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните единечен и консолидиран Биланс на успех.

Во 2014 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи на Алкалоид АД Скопје.

Остварените единечни вкупни приходи во 2014 година изнесуваат 5.933.925 илјади денари и во споредба со остварените во 2013 година бележат пораст од 2%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество,97%,имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2013 година бележат пораст од 1%.

Остварените консолидирани вкупни приходи во 2014 година изнесуваат 7.701.665 илјади денари и во споредба со остварените во 2013 година бележат пораст од 6%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 96%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2013 година бележат пораст од 4%.

Остварените единечни вкупни расходи во 2014 година изнесуваат 5.210.018 илјади денари и во споредба со остварените во 2013 година бележат пораст од 1%.

Остварените консолидирани вкупни расходи во 2014 година изнесуваат 6.955.618 илјади денари и во споредба со остварените во 2013 година бележат пораст од 5%.

На 7 април 2014 година на Годишното собрание на акционерите е одобрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2013 година во износод 286.271 илјади денари односно 200 денари бруто за една акција. Данокот на исплатената дивиденда изнесува 31.808 илјади денари. Исплатената нето дивиденда за 2013 година изнесува 180 денари за една акција.

Вкупните инвестиции во основни средства во 2014 година изнесуваат 477.179 илјади денари.

Вкупните консолидирани обврски по кредити на 31.12.2014 година изнесуваат 515.203 илјади денари и во споредба со состојбата на 31.12.2013 година бележат намалување од 17%.

Во периодот Јануари - Декември 2014 година во Алкалоид се реализирани 72 нови вработувања во Република Македонија.

Слично

Поврзани вести