Економија, финансии, бизнис

Контакт

Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР стартуваше со работа

Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР стартуваше со работа

Јан Петерсен, шеф на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР ги претстави улогата на Мисијата и претстојните активности за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 5 јуни.

Мисијата денеска започнува со работа во Скопје, а амбасадорот Петерсен се надева дека ќе воспостави добра соработка со ДИК. Тимот ќе биде составен од 12 експерти во Скопје и 24 долготрајни набљудувачи кои од 13 април во тимови по двајца ќе бидат распоредени низ државата. Останатите краткотрајни набљудувачи во Македонија ќе пристигнат неколку дена пред изборите.

„Ние нема да ги коментираме изборите, ќе оставиме фактите да зборуваат сами за себе, ние ќе ги регистрираме само фактите, а потоа останува на институциите и партиите како ќе ги искористат овие податоци. Изборите се закажани за 5 јуни, понатаму не навлегуваме и дејствуваме врз основа на претходно закажаниот датум, но доколку се случи нешто непредвидено и тоа ќе го земеме предвид, но од она што го имаме како информација од партиите, датумот е 5 јуни“-вели тој.

Во првиот периодичен извештај ќе ја опфатат и теренската проверка, објасни амбасадорот.

Слично

Поврзани вести