Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наближува лидерската – се бара и последниот член на ад хок телото

Наближува лидерската – се бара и последниот член на ад хок телото

Уште 9 дена остануваат до одржување на лидерската средба.

Рокот за пријавување на повикот за петиот член на ад хок-телото за следење на медиумското известување 100 дена пред избори вчера заврши. Утре Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги треба да го избере петиот член и да ја презентира нацрт-методологијата на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година. Освен веќе назначените членови на ова тело (Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ и Љубомир Костовски и Горан Трпеновски, на предлог на СДСМ), се бара петтиот член, кој според договорот меѓу четирите политички партии треба да биде Албанец.

Лидерите на партиите на средбата на 31 август да дадат оценка за исполнување на условите за одржување фер избори. Потоа треба да следува назначувањето нов одговорен уредник на информативната програма на јавниот сервис и формирање на преодна влада.

Слично

Поврзани вести