Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наближува либерализацијата на пазарот на електрична енергија

Наближува либерализацијата на пазарот на електрична енергија
На 1 април ќе започне втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија, процес кој неколкупати досега се одлагаше. Првиот човек на Македонската енергетска асоцијација Кочо Анѓушев, кој е и еден од снабдувачите, тврди дека отврањето на пазарот ќе значи поевтина струја и до 20 %. Информациите за можно зголемување на цената ги отфла како шпекулации. „Не постои компанија каде што сме дале понуда да има иста или поскапа цена на електрична енергија. Кај сите компании нашите цени се најмалку 5-20% пониски од тоа што го плаќаат до сега“, изјави Анѓушев за ТВ 24 Вести. Фабрики, банки, аеродроми, се само дел од 222-те компании кои ќе излезат на пазарот. Според акциониот план, фирмите ќе мора до крајот на февруари да одлучат кој ќе ги снабдува со струја и за тоа да го информираат операторот МЕПСО. Во случај некоја да не одлучи, автоматски ќе биде снабдена со струја по принципот „во краен случај“ од страна на ЕВН Македонија. Поголемите потрошувачи, компаниите и домаќинствата ќе можат самостојно да си одберат доставувач. Со тоа пазарот на електрична енергија целосно ќе се либерализира.
Слично

Поврзани вести