Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ЖЕШКА ЛИНИЈА: Могерини – Заев – Хан!                                

НА ЖЕШКА ЛИНИЈА: Могерини – Заев – Хан!                                
Брисел  бара  македонските политички партии во наредните денови и недели да  направат максимални  напори  за да се обезбедат  услови за  веродостојни избори, во интерес на земјата и нејзините граѓани. Од кабинетот на Високиот претставник за надворешна политика  и безбедност  на ЕУ за „Фактор“ велат: "По последните случувања во Република Македонија, особено во подготовките за предвремените парламентарни избори во јуни, г-ѓа Могерини  доцна  попладнево зборуваше  со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Претходно оствари  неколку  контакти со комесарот Јоханес Хан и Делегацијата на ЕУ во Скопје.  Би сакале да ја нагласиме потребата од итно спроведување на политичките договори, вклучително и приоритети поврзани со  реформите  кои се од огромно значење“. На прашањето на „Фактор“ дали во наредните денови може да се  очекува  во Скопје да допатува  Комесарот за надворешна политика и безбедност или  на Комесарот за проширување и доброседската политика    одговорот е: „Како и досега така и во наредните денови ние заедно САД   ќе ги  охрабруваме  засегнатите  страни  целосно да се посветат  на  Договорот од Пржино за да се  надминат  проблемите." Амбасадорот на Велика Британија во  Република  Македонија пред  пред неколку дена во интервју за Фактор рече дека Квалитетот на спроведување на изборите  е од исклучителна важност, а не  терминот на  нивното  одржување . „Преостануваат уште 60 дена до изборите на 5 јуни. До тогаш секој ден е важен. Секој ден е од огромна важност, секоја индивидуа и секоја институција знае што точно треба да направи, за Македонија да испорача веродостојни избори .Токму  затоа е од суштинска важност секој да вложи максимални напори за изборите да бидат демократски и кредибилни“ порача    британскиот дипломат  Чарлс Гарет. Горазд Чомовски
Слично

Поврзани вести