Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Захариева и пречи тоа што го славиме Тито?

На Захариева и пречи тоа што го славиме Тито?

Од една страна, не можете да сакате да влезете во ЕУ и да го демократизирате општеството, а во исто време да славите еден од најмрачните диктатори – Тито, вели бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, откако станува се поизвесно дека ќе стават вето на македонските преговори со ЕУ. 

Захариева повтори дека Северна Македонија не е подготвена да започне преговори со ЕУ. 

Вето од Бугарија е повеќе од извесно, но очекувам крик на пријателство, вели премиерот Зоран Заев. 

Премиерот додава дека до крајот на декември има можност за одржување на прва меѓувладина конференција и дека очекува одговорност и позитивна одлука од нашиот сосед. 

Заев вели дека тој е подготвен, но и го подготвил народот дека е можна блокада. 

Слично

Поврзани вести