Економија, финансии, бизнис

Контакт

На викенд со картичките на Шпаркасе!

На викенд со картичките на Шпаркасе!

Со кредитните картички на Шпаркасе Банка до ваучер за викенд-патување.

Купувајте со кредитните картички издадени од Шпаркасе Банка на ПОС-терминали во земјата и може да станете добитник на ваучер за викенд-патување.

Право на учество во наградната игра имаат полнолетни физички лица кориници на која било од следниве картички: MasterCard Standard,MasterCard Gold, VISA Classic и VISA Gold.

Наградната игра се одвива во три наградни периоди:

  • 06.04.2015 - 24.04.2015 – Извлекување на 30.04.2015г.;
  • 01.06.2015 – 19.06.2015 – Извлекување на 25.06.2015г.;
  • 07.09.2015 – 25.09.2015 - Извлекување на 01.10.2015г.

Право на учество во наградната игра имаат оние корисници наMasterCard Standard и VISA Classic кредитни картички кои во текот на определениот период ќе остварат промет во трговија во минимален износ од 2.000,00 денари, а корисниците на MasterCard Gold и VISA Gold промет во минимален износ од 12.000,00 денари.

Еден добитник може да учествува во сите наградни периоди доколку ги исполнува условите на наградната игра. Добитниците ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на Шпаркасе Банка.

Наградите кои можете да ги освоите во наградната игра се следниве:

  • Три вредносни ваучери за викенд за двајца во мај во Охрид;
  • Три вредносни ваучери за викенд за двајца во јули за време на фестивалот „Пиво Фест“ во Прилеп;
  • Три вредносни ваучери за СПА-викенд за двајца во октомври во Струмица.

Правила на наградна игра

Правилата на наградната игра на Шпаркасе Банка можете да ги погледнете на следниот линк.

Слично

Поврзани вести