НА ВИЕНСКИОТ КОНЦЕРТ УРЕДНИЧКАТА СО ПАРТНЕРОТ НА СМЕТКА НА РТС? Оливера Ковачевиќ има објаснување
На
традиционалниот концерт на Виенската филхармонија, како и секоја година,
присуствуваа личности од Србија. Но, во Златната сала на Музикферајна
заедно беа забележани Оливера Ковачевиќ, одговорна уредничка на забавната
програма на РТС и пратеникот и потпретседател на ССП, Борко Стефановиќ.
Споменатата сцена предизвика бура во јавноста, пишуваат српските медиуми, со прашањето како ги набавиле билетите за оваа церемонија и дали новинарката ја злоупотребила службената положба.
Во врска со тоа, уредничката на забавната програма на РТС за Данас објасни дека Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и испратила покана на нејзино име, во која имало и придружба, па вели дека не постојат дополнителни трошоци, односно ниту буџетот на РТС, ниту државата не е оштетена.
„РТС има долгогодишна соработка со ЕБУ, а забавната програма годишно емитува неколку концерти на класична музика од европските метрополи, учествува на Евровизија и слично. За овогодинешниот новогодишен концерт во Виена, ЕБУ ми испрати покана, на мое име плус придружник“, објасни Ковачевиќ.
Како што истакнува, генералниот директор не сакал да оди иако таа опција му била понудена веќе неколку години.
„Уредникот на музичката редакција доби покана пред 2-3 години. Затоа, РТС нема две влезници годишно за овој концерт, туку исклучиво добива покана упатена до уредникот или до некој од раководството. Пред тоа, ЕБУ бара официјална биографија и опис на работното место доколку РТС испрати барање за некој посебно“, објасни уредничката на забавната програма.
ФОТО: Instagram