На Црна Гора и недостигаат хотели од висока класа?
На Црна Гора и требаат хотели од висока класа, кои ќе ја позиционираат земјата како туристичка дестинација.
Ова го соопштуваат од Бордот на директори и хотелиери во земјата. Освен што недостигаат хотели од високи категории, проблем е што не се води доволна грижа за старите градби. Од Бордот велат дека на најубавите локации никнуваат згради. Оттаму додаваат дека сезоната во Црна Гора трае кратко, затоа што нема доволно идеи за развој на туризмот. Се наведува дека најзначајните фестивали и настани се случуваат во екот на сезоната, наместо да се распоредат пред и после сезона. Се смета дека поради честите напади кои годинава се случуваат во Турција, Црна Гора летово ќе има повеќе гости.
Слично
