Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Трамп му се прескапи услугите на Панамскиот канал, се закани дека ќе го преземе

На Трамп му се прескапи услугите на Панамскиот канал, се закани дека ќе го преземе

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе побара контрола над Панамскиот канал откако ја обвини Панама дека им наплаќа превисоки цени на американските бродови кои минуваат низ еден од најпрометните водни патишта во светот.

„Нашата морнарица и трговија се третираат на многу нефер и неразумен начин. Таксите што ги наплаќа Панама се смешни“, објави Трамп на својата платформа „Truth Social“.

САД во голема мера го изградија каналот во 1914 година и со децении управуваа со територијата околу преминот. Но, Вашингтон ѝ ја предаде целосната контрола на каналот на Панама во 1999 година, по период на заедничка администрација.

Трамп го навести и зголеменото влијание на Кина околу каналот, кој го поврзува Атлантикот со Тихиот Океан.

„Тоа беше за Панама да работи (каналот), а не за Кина или некој друг“, рече тој.

„Не би дозволиле и никогаш нема да дозволиме да падне во погрешни раце!“.

Оваа објава е исклучително редок пример на американски лидер да каже дека може да принуди суверена земја да ја предаде територијата.

„Тоа не беше дадено во корист на другите, туку само како знак на соработка меѓу Панама и нас. Доколку не се почитуваат моралните и правните принципи на овој великодушен гест на давање, тогаш ќе бараме да ни биде вратен Панамскиот канал, во целост и без прашање“, рече Трамп.


Слично

Поврзани вести