На Тамара лажно ѝ ветувале лекување во странство
На малата Тамара Димовска, која почина од сколиоза, лажно и било ветувано лекување во странство.
Дел од медиумите дојдоа до документот, во кој стои дека четири месеци пред нејзината смрт, Фондот за здравство ги стопирал сите операции на деца кои требало да бидат пратени во странство поради деформитет на рбетниот столб.
Фондот им го наложил ова на директорите на неколку клиники, поради тоа што привршувала изградбата на спиналниот центар.
„Фондот ве известува дека во крајна фаза на подготовка пред започнување со работа е спиналниот центар во чие работеќе ќе се опфатат и овие оперативни интервенции. Во периодот до отворањето лекарските комисии при фондот сметаат дека вашите клинички конзилиуми не треба да издаваат предлози за лекување во странство, а поради тоа што се работи за заболувања за кои не постои итност за операција односно искривувањето на кичмениот столб преставува подолготрајна состојба на заболување.” – стои во документот.
За овој центар никој знае каде се наоѓа ниту кој оперира таму бидејќи нема лекари кои оперираат комплицирани деформитети на рбетниот столб во Македонија.
Дописот е испратен до директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, како и раководителите на Клиниката за трауматологија, Клиниката за ортопедски болести, Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, и Ургентниот центар.
Во меѓувреме, обвинителството работи на расветлување на овој случај. Мајката на тамара и хелсиншки поднесоа кривични против министерот Тодоров, поранешните директори на фондот членови на управниот одбор како и лекари од комисиите, првостепена и второстепена.
