Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Табановце запленети 3.200 пакувања лекови

На Табановце запленети 3.200 пакувања лекови

Царинските службеници од граничниот премин Табановце - автопат спречија обид за криумчарење лекови за човечка употреба. Како што соопшти Царинската управа, привремено се задржани над 78 илјади разни таблети, капсули, масти, капки и ампули.

Вредноста на лековите, кои се со потекло од Грција, е процената на преку 380 илјади денари.

Согласно Законот лекови и медицински помагала, увозот и транзитот на лекови за физички лица е дозволен само во количини за лична употреба и со потврда од матична здравствена установа дека соодветствуваат на препишаната терапија.

Осомничениот е предаден на инспектори од Одделението за истраги. По завршувањето на истагата ќе биде поднесена соодветна пријава за утврдување на неговата одговорност.

Слично

Поврзани вести