Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Табановце има над 1400 бегалци, повеќе од капацитетот на кампот

На Табановце има над 1400 бегалци, повеќе од капацитетот на кампот
Во Транзитниот центар во Табановце има над 1.400 бегалци, што е повеќе од капацитетот на самиот камп. Ова  денеска го соопшти Фросина Ременски, министерка за труд и социјална политика при посетата на кампот. „Дел се сместени во кампот, дел се на граничниот камен. Сите субјекти коишто работат на хуманиот третман и грижата за луѓето во кампот се грижат тие да бидат снабдени со храна, со топол оброк, да имаат услови за одржување на лична хигиена, да им биде пружена медицинската помош којашто им е неопходна“ - рече министерката. Се прави обид да се распределат бегалците во Прифатниот центар Табановце и Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, за да се растовари притисокот на Табановце и да се обезбедат похумани услови за сместување. Распределбата се врши на доброволна основа, но засега само 20 избрале да се префрлат во Гевгелија. Министерството за труд и социјална политика во координација со Црвениот Крст, деновиве ќе се јави како носечки субјект во набавка на топлите оброци за лицата во транзитните центри. За таа цел користат грант од Европската банка за обнова и развој по однос на набавка на храна за цела 2016 година.
Слично

Поврзани вести