На светските берзи се намали цената на нафтата
Поради најновите податоци кои укажуваат на забавување на активноста во кинескиот и јапонскиот индустриски сектор, цените на нафтата на светските берзи паѓаат. Мерките за ограничување на движењето поради ширењето на заразата со коронавирус го запреа краткото закрепнување на фабричките активности во Кина, најголемиот увозник на сурова нафта во светот.
Јапонската производна активност, минатиот месец порасна со најниска стапка во последните десет месеци. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 1,85 долари, од 96,77 долари. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар се намали за 1,42 долари во однос на петокот, на 102,55 долари. Цените на нафтата варираат последниве недели.
foto freepik.com/MrDm
Слично
