Економија, финансии, бизнис

Контакт

На светот му се заканува недостиг на храна и ценовни шокови

На светот му се заканува недостиг на храна и ценовни шокови

Катастрофални шокови на пазарот на храна, вклучувајќи голем недостиг, пораст на цени и нестабилни пазари, до средината на векот ќе бидат три пати поверојатно отколку што досега се сметаше.

Климатските промени троструко ќе го зголемат ризикот од глобален недостиг на храна, а меѓународната заедница треба да се подготви за нови ценовни шокови како би се спречиле немири, се наведува во заедничка американско-британска студија.

Голем недостиг, пораст на цени и нестабилност на пазарот, до средината на векот ќе бидат три пати поверојатни од досегашните проценки, објави работното собрание за екстремни временски прилики и отпорност на глобалниот прехрамбен систем.

Бидејќи глобалната популација до 2050 ќе порасне на 9 милијарди луѓе, производството на храна би требало да порасне за 60 одсто, како би се спречиле граѓански немири поради недостигот на храна предзвикан од климатските промени.

„Климата се менува и климатските рекорди се рушат речиси секојдневно“, напишал во извештајот специјален советник за климатски промени од британското министерство за надворешни работи, Давид Кинг.

„Ризиците на климатската катастрофа се се поголеми, а таков настан би можел по својот обем да биде преседан.“ Глобализацијата и новите технологии допринеле за ефикасноста на глобалниот прехрамбен систем, но го направиле и многу ранлив, рекол Кинг.

Во извештајот се наведува дека меѓу најголемите ризици е зголемување на цената на нафтата која би довела до поскапување на храната, потоа намалување на извозните капацитети на Бразил, САД и регионот околу Црното море поради слабостите на инфраструктурата, и пад на вредноста на американскиот долар, што исто така би поттикнало глобален раст на цената на храната.

Екстремни временски прилики најмногу би можеле да влијаат на производство на храна во Северна и Јужна Америка, и во Азија, на континентите на кои се однесува најглем дел од производтсвото на четирите главни житарици-пченка, пченица, ориз и соја.

Слично

Поврзани вести