Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Сугарески му тргнало добро со наплатата на царините

На Сугарески му тргнало добро со наплатата на царините

За пет месеци Царинската управа наплатила приходи поголеми за безмалку 20 отсто од истиот период лани, објави институцијата денеска. Од почетокот на 2021 заклучно со крајот на мај, инкасирани се царински приходи при увоз и внатрешен промет во износ од 598 милиони евра. Лани во истиот период царинските приходи се 500,6 милиони евра.

„Наплатените приходи во 2021 година се поголеми за 5 проценти и во однос на истиот период во 2019 година кога биле наплатени 569 милиони евра. Само за месец мај, споредено со мај 2020 година вкупно за сите приходи за кои е надлежна Царинската управа бележиме зголемување од 1.801 милиони денари или 32,4 проценти, соопштија од Царинската управа.



Слично

Поврзани вести