Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Србија и требаат 15000 ИТ стручњаци

На Србија и требаат 15000 ИТ стручњаци

На Србија и требаат 15000 ИТ стручњаци, за да се задоволат потреби на странските фирми кои доаѓаат во земјата.

Од 2008 година па наваму приходите во ИТ секторот пораснале за 14 пати, а стапката на раст последнава година била 20%, што охрабрува, но и загрижува.

„Можеме да жалиме што немаме доволно ИТ стручњаци, можеби стапката на раст би била 50%, а не како сега 20%. Можеби Србија би можела да стане технолошки лидер во Европа, да реагиравме навреме„- вели деканот на ЕТФ, Зоран Јовановиќ.

Компанијата Асеко вработува 500 луѓе, а кадар се бара и за други фирми, но нема доволно ИТ стручњаци.

Поради овие причини се предлага да се воведе информатика како задолжителен предмет во училиштата. Но, засега нема најави дека тоа ќе се реализира.

Слично

Поврзани вести